Хиповитаминоза
Иако витаминот Б6 е важна компонента во исхраната, клиничките симптоми на негов недостаток се многу ретки. Недостатокот се јавува при примена на некои лекови или е поврзан со недостаток на другите витамини од Б групата. Симптомите на недостаток од витамин Б6 се воочуваат на кожата, централниот нервен систем и хематопоетскиот систем и вклучуваат: губење на косата, задржување на течности во организмот за време на бременоста, вкочанетост и грчеви во рацете и нозете, често мокрење, анемија и друго. Концентрацијата на витамин Б6 е намалена кај алкохоличарите, трудниците и кај жените кои земаат орални контрацептиви кои содржат естрогени. Витамиот Б6 се користи и како антидот кај пациенти кои користат големи дози на антитуберкулостатици (лекови кои ја намалуваат количиниата на витаминот во организмот). Препорачана дневна доза за возрасен маж изнесува 2.0мг/ден, додека за жени изнесува 1.6мг/ден, при нормална прехрана. Не се препорачува во лечење на акни и слични дерматози, при интоксикација со алкохол, астма, хемороиди, мигрени,= ниту како препарат за подобрување на апетитот или стимулација на лактацијата.
No comments:
Post a Comment